Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има врнежи од дожд најпрво во јужните, а потоа и во северните делови. Се очекува врнежите да бидат пообилни во ноќните часови и тоа во јужните и источните краеви.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 20 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста која во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Во среда наместа ќе има и појава на грмежи, а потоа до петок времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.