Сончево и топло, температурата до 25 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 19 до 25 степени

Во Скопје слично време, сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во четврток се уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски