Сончево и топло, попладне појава на краткотраен дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност. Попладне малку ќе има зголемена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До петок во попладневните делови од денот и особено во крајните западни и јужни делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а во петок ќе има и зголемување на облачноста. Во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. До петок кога ќе биде и најтопло дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски