Сончево со температура до 21 степен

Од:

Во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од 13 до 21 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре преку ден ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец, над 70 километри на час. Во недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски