Сончево, студено и ветровито

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен по должина на Повардарието и на исток.

Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Минималните температури ќе се движат од -10 до 0, а максималните од -4 до 4 степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од -6 до -1 степени.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. До петок ќе преовладува стабилно време, а за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски