Сончево со услови за дожд

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места, особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.

Во Скопје слично време со утринската температура од 20 степени Целзиусови, а дневната  31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и топло.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски