Сончево со умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено на планините во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура во Македонија ќе биде во интервалот од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник повеќе ќе биде застапена во западните и јужните претежно во планинските подрачја, а во среда и четврток се очекува појавите да бидат поретки. Дневните температури до среда ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 31 до 38 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска