Сончево со умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на ниска облачност и слаба магла.

Утрово најстудено било во Тетово, Битола и Маврово со -3 степени. Во Лазарополе, Скопје, Прилеп, Струмица, Демир Капија, Дебар, Штип и Берово се измерени -2, во Крива Паланка и Гевгелија -1, Пожаране, Претор, Куманово, Тополчани, Виница, Охрид и Крушево 0, Ѓуриште 1 и во Дојран 2 степена.

Дневната температура ќе се движи од  осум до 15 степени.

Во Скопје слично време, претпладне со магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По котлините се уште во претпладневните часови ќе има услови за слаба магла. Само во деновите од викендот ќе има услови за локален слаб дожд, но сепак во поголемиот дел од земјава ќе се задржи суво. 

Утрово мерните станици на Минитерството за животна средина и просторно планирање регистрирале повисоки концентрации на ПМ10 честичките во Скопје, Тетово, Битола, К;очани, Велес, Кочани, Кавадарци и Куманово.

На скопските мерни станици во Центар се измерени 75,58 микрограми на метар кубен, Гази Баба 87,46, Карпош 76,78, Лисиче 134,09, Ректорат 88,22 и Миладиновци 111,72 микрограми. Во сите скопски општини во текот на ноќта се регистрирани повисоки концентрации на ПМ10 честичките.

Во Тетово утрово се измерени 99,17 микрограми, Битола 127,21, Кичево 69,62, Велес 74,72, Кочани 61,91, Кавадарци 78,50 и Куманово 106,99 микрограми на метар кубен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски