Сончево со умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во западните делови променливо облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините, особено во западните делов делови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски