Сончево со умерен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб, но попладне во западните делови ќе дува умерен на моменти и засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе биде повеќе изразен во планинските делови.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од 17 до 22 степена.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветар од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час. Утре кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде. В недела претпладне во западните делови се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд, а попладне на повисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски