Времето во Македонија денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Поради сончевото време утре УВ-индексот ќе изнесува 7.
И во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло за овој период од годината, а само во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе бидат во покачување, а дневните кои исто така ќе се покачуваат ќе се движат од 23 до 29 степени. Во петок дневните температури ќе бележат благ пад и ќе се движат помеѓу 21 и 27 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.