Сончево со температура до 23 степени

Од:

Во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со умерен јужен ветер и пораст на утринската и дневната температура.

Од петок до недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а од сабота ветерот ќе биде северен и ќе придонесе за позначително опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски