Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време со температура од четири до 21 степен.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата. Најтопло ќе биде во петок и сабота кога максималната температура ќе се движи помеѓу 20 и 26 степени.