Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во среда ќе преовладува претежно стабилно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 15 до 20 степени.
Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе бележи благ пораст.