Сончево, со слаб северен ветер

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето претпладне претежно облачно и тивко, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразено воздушно струење по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски