Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Минималните температури ќе се движат од минус два до пет степени, амаксималните од 11 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минимални температури од 0 степени, а максимални од 14.
До средината на наредната недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Ќе дува умерен северен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието.
Во четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд.