Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната температура од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.
Утре попладне и кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за создавање на слаба магла и намалена хоризонтална видливост.