Времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 27 до 34 степени. УВ=8.
Во Скопје претежно сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.