Сончево, со мала облачност

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност поизразена во западните делови од земјата и која ќе се преместува во текот на денот и кон источните делови. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 22 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер, попладне со малку зголемена облачност.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови и понатаму ќе се задржи релативно топло за овој дел од годината. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој од четврток и петок повремено ќе биде и засилен. Зголемено наоблачување со постепен пад на дневната температура ќе настапи од петок кога ќе има услови за краткотраен дожд, а во сабота врнежи се очекуваат на повеќе места.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски