Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на температурата на воздухот која ќе достигне до 36 степени.