Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.
Од среда ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота.