Сончево со умерена облачност, попладне наместа пороен дожд

Од:

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умарена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни.

Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на седмицата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски