Времето денеска во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени. Максималната дневна температура ќе дистигне 16 степени.
За викендот се очекува пад на температурите.