Сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринсакта температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 18 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утре од попладне ќе преовладува сончево време. До средината на неделата температура некаде ќе надмине 20 степени, а од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски