Сончево со мала до умерена облачност, попладне можност за пороен дожд и грмежи

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски