Денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во одделни котлини има услови за појава на магла и ниска облачност, а температурите ќе се движат од 6 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 6 степени.
Во наредните денови следува период на суво и стабилно време. Во поголемиот дел од земјата дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе доведе до топење на снежната покривка.
Најсончево ќе биде во сабота, а од недела се очкува умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура во овие места ќе остане пониска.
