Сончево и ветровито време со температура до 18 степени

Од:

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец, кој особено ќе биде изразен по должина на Повардарието.

Минималната температура ќе се спушти во интервалот од 0 до 8, а преку денот ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време со мала облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи од 6 до 16 степени.

В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски