Сончево и топло, температури до 28 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје слично време со температура од шест до 26 степени.

До недела ќе се задржи стабилно, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.

Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег. Во среда кон крајот на денот врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат, а на североисток слаб снег може да се појавува од 1.500 метри па кон повисоко.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски