Сончево и топло со слаб ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно  сончево и доста топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и  услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, кои повеќе ќе бидат изразени во западната половина на земјава. Ќе продолжи да  дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура во земјата ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен, а највисоката се очекува да достигне од 31 до 38 степени. УВ  индексот ќе има вредност 9.

Во Охридско-Преспанскиот регион температурата на воздухот ќе достигне до 32 степени, а во Дојранскиот регион до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и доста топло. Попладне со мала до умерена локална обчлачност, но и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, како и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до околу 21, а највисоката дневна ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста која наместа ќе биде проследена со краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи. Повеќе услови за дожд ќе има во западните планински предели.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски