Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 25 до 31 степен.
Во Скопје, ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и локална појава на грмежи.
Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во петок.