Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, а попладне во планинските подрачја со појава на мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
В сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд особено во планинските подрачја. В недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег, а ќе дува и умерен до засилен југозападен ветер. Ќе има и услови за ретки грмежи.
Од понеделник се очекува дневната температура позначително да опадне и да се движи од девет до 16 степени.