Сончево и потопло, УВ-индекс 9

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од утре во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигнува и 40° С.УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот, но и вторник ќе биде многу топол.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски