Сончево и потопло со слаб јужен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура од минус два до шест степени, а максималната во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје слично време и температура до 20 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во вторник во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд, а во среда на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за два до три степени. Услови за слаб дожд ќе има и во следните два дена, кога и дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски