Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен, на места повремено и засилен ветер од северозападен правец.Дневната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.
Утринската температура се движеше од -9 Маврово и Берово, -7 Крива Паланка, -6 Лазарополе и Тетово, -5 Прилеп и Битола, -4 Скопје-З.Рид, Виница, Ѓуриште, Крушево, Претор, Охрид, Демир Капија, Штип и Струмица, -3 Пожаране и Куманово, -2 Тополчани и Скопје-Петровец, 1 Гевгелија до 2 степени во Дојран.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. В петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.
