Сончево и многу топло, УВ-индекс 9

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 33 до 40 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со умерен повремено засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 39 степени.

Од утре до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надминува над 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи со засилен ветер, а ќе започне и значително опаѓање на температурата кое ќе потрае неколку дена иако ќе има постапен пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски