Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.

Поради топлотниот бран Министерство за здравство (МЗ) препорачува избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци.

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

– Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, наведува Министерството.

Повеќе информации и препораки за заштита од топлотен бран континуирано се дистрибуираат на www.toplotnibranovi.mk.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски