Сончево и многу топло, попладне дожд

Од:

Времето ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 33 до 39 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и многу топло. Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утре претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.

Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски