Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Денеска и во следните денови во претпладневните часови во одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе се движи од минус три до девет, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 15 степени.