„Сојузот за иднината“ го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови

Од:

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев денеска на прес – конференција изјави дека по отфрлањето од страна на ВМРО – ДПМНЕ на барањата на опозицијата, граѓанската непослушност и уличната демократија се единствените инструменти кои им преостануваат.

Однесувањето на власта, наведе тој, не и остава друг избор на опозицијата освен да пружа отпор и да ги интензивира активности. – Лицемерните повици да се вратиме во Собранието од каде насилно не исфрлија, нема да не поколебаат и да не одвратат од намерата да им ја вратиме државата на граѓаните, а Уставот и законите повторно да станат основните начела на функционирање на државата, рече меѓу другото Георгиев.

Од утре опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ низ внатрешноста на Македонија. Ќе организира караван кој ќе помине во поголемите градови, каде што секој работен ден ќе има протестни маршеви и граѓански парламенти. Караванот почнува утре со марш во Прилеп од 18 до 19 часот, а продолжува в среда во Струмица, во четврток во Штип, а петок во Охрид.
Во меѓувреме, ќе продолжат протестите и во Скопје со блокирање на по една крстосница, секој работен ден, во времетраење од половина час од 12 до 12.30 часот. Утре ќе биде блокирана крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Рузвелтова“ кај Симпо.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!