Социјалната помош за јуни ќе се исплаќа од 4 август

Од:

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 3 август, со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи.

За корисниците кои не користат картички, како што информира владината прес-служба исплатата ќе се спроведе во три групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, на 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, и на 6 август (четврток) – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Владата на седницата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе Протоколот за работа на кошаркарските клубови при Кошаркарската федерација на Северна Македонија за одржување тренинзи и натпревари без присуство на публика, како и Протоколот за прием на документација од студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2020/2021 година. 

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

МТСП: Старатели ќе отвораат нови трансакциски сметки за дел од корисниците на парични права од социјална заштита со сметки во Еуростандард

Жарко Настоски

УЈП: Исплатени 4.37 милиони евра од МојДДВ за второто тримесечје

Жарко Настоски

Почнува исплатата на парична помош од социјална и детска заштита

Жарко Настоски

Објавена листата на фирми што зеле државна помош, а не им платиле на работниците

Жарко Настоски

Банките подготвени за исплата на социјалната и детска заштита

Ана Ололовска