Собир „Македонија против насилство врз животните“

Од:

Под мотото „Македонија против насилство врз животните!“ денеска на плоштад Македонија ќе се одржи јавен собир, во организација на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

Преку собирот организаторите бараат активности од надлежните институции за запирање на, како што велат, масовното труење на бездомните животни и да се забрани слободната продажба на отрови.

„Анима мунди“ соопшти дека се расфрлаат отрови на шеталишта, покрај градинки и училишта и оти се врши синхронизирано труење на бездомните животни. Потенцираат и на случаи на застрелани и обесени кучиња.

Порачуваат итно да запрат таквите активности и да се преземат мерки за истрага и приведување на сторителите, кои, укажуваат, вршат повеќе прекршоци и сериозно кривично дело, казниво со казна затвор. – Потенцираме прашање е на време кога од отровите ќе настрада човек или дете зошто за жал во Македонија отрови слободно се купуваат и масовно злоупотребуваат, а за тоа никој не одговара! Се што се случува е резултат на институционалната некомпетентност, инертност и молк, наведуваат од „Анима мунди“.

Ги повикуваат министерствата за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и единиците на локална самоуоправа итно да постапат во рамки на сопствените надлежности и да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомни животни.

Фрлањето отров на јавни површини го осудија општина Центар и Град Скопје, од каде апелираа доколку се забележи појава на труење животни да се пријави во полиција на бројот 192, или во ЈП „Комунална хигиена“ (02 321 66 44) и во стационарот „Вардариште“ (02 820 13 57).

– Фрлањето отров и отровни материи на јавни површини со цел труење бездомни животни е крајно неодговорна постапка, претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно е и кривично дело, соопшти Град Скопје.

Градските власти истакнаа дека во изминатите две години двојно се зголемени капацитетите на стационарот за бездомни животни во Вардариште, со кој стопанисува ЈП „Комунална хигиена“. Објектот, како што информираа, е изграден според европски стандарди и во него се сместени 48 нови боксови за сместување и хуман третман на заловените кучиња скитници, за што Град Скопје потроши околу седум милиони денари.

Би можело да ве интересира

Митев од штипската ветеринарна станица: Ќе ги тужиме невладините за клевета, кучињата се живи и здрави

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Снимка од борба меѓу две гризли-мечки стана хит на Фејсбук

Ана Ололовска

Древниот кенгур наликувал на коала

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пантер ги вознемири жителите на Лил

Ана Ололовска

Кучиња масакрирани со секира среде Аеродром

Ана Ололовска

Мистериозна болест убива кучиња во Норвешка

Ана Ололовска