„Со ваши пари Скопје се гради“, ќе се проверува во среда

Од:

Десетина невладини и од Македонија кои во изминатиов период се занимаваа со тоа како се трошат нардните пари, во организација на „Плоштад Слобода“, за во среда најавуваат јавен форум на кој ќе ја преиспитуваат веќе многупати кажаната парола „Со ваши пари Скопје се гради“. Токму тоа име го носи завршниот настан од проектот„ Граѓански активатор”, кој предвидува прошетка низ Скопје 2014 со дебати и дискусии за трошењето на јавните пари и растечкиот јаз помеѓу главниот град и провинцијата.

Настаноте најавен за во среда, на платото пред стоковната куќа „Мост” во 18 часот.

-Иако скандирањето „Со ваши пари Скопје се гради” низ салите и стадионите низ Македонија е намерно зајадливо и иритирачко, ние на оваа дискусиска прошетка сакаме да ја преиспитаме неговата вистинитост, стоејќи непосредно пред најголемите јавни инвестиции во историјата на Македонија, соочувајќи ги активистите од внатрешноста со нивните проблеми. Покрај нивните излагања, свои мислења ќе дадат и скопските активисти Искра Гешоска, Артан Садику, Васко Лазаревски, соопштуваат од „Плоштад Слобода“.

Активистичките јадра формирани од проектот „Граѓански активатор” ги вклучуваат Тетово, Велес, Кавадарци, Дебар, Кратово, како и други помали места низ Македонија. Во изминатите неколку месеци секое од нив идентификуваше проблем од локално значење и, споделувајќи знаења и искуство со другите јадра, организираше настан во насока на решавање на проблемот. Тие ќе ги презентираат и своите проекти на прошетката „Со ваши пари Скопје се гради”

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски