Со нож нападната продавачка во Кавадарци

Од:

Со нож била нападната продавачка синоќа во Кавадарци. Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош – Кавадарци изјави дека синоќа девојка побарала медицинска помош и кажала дека била нападната во продавницата во која работела. Притоа и била нанесена повреда, посекотина од два сантиметра со нож на ушната школка.

Според МВР, синоќа во 20 часот лице со закана со остар предмет, од вработена во продавница во Кавадарци, одзело пари од дневниот промет.

– Извршен е увид на лице место, се работи на расчистување на случајот, истакнаа од МВР.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење