А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки

by А1он07/07/2025 - 12:48302
Share0

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Добивај вести на вибер

„Во временскиот период од 1.5.2025 година до 3.7.2025 година, осомничените шест лица заедно, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело – трговија со дрога, искористувајќи ист траен однос и исти или слични прилики. Тие неовластено продавале или заради продажба неовластено држеле наркотична дрога – амфетамин во вкупна нето маса од околу 6,5 килограми, наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 257 грама, како и – 98 таблети психотропна супстанца 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA).

Предистражната постапка против осомничените траеше неколку месеци и притоа дел од доказите се обезбедени со примена на посебни истражни мерки. На 3 јули сите осомничени беа лишени од слобода во координирана акција, при што по барање на јавниот обвинител, а врз основа на претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово.

При претресите, освен претходно наведената дрога и психотропни супстанции, беа пронајдени и одземени дополнителни количини и пакувања со марихуана, хашиш, амфетамин, кокаин, различни таблети, повеќе дигитални ваги, други предмети и парични средства. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка ефективен притвор за сите шестмина осомничени, извести ОЈО.

amfetamindrogapim merki

Би можело да ве интересира

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски04/02/2026 - 22:1804/02/2026 - 22:33

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

Горан Наумовски04/02/2026 - 18:49

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

Горан Наумовски03/02/2026 - 18:12

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:26

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

(ВИДЕО) МВР: Уапсени се три лица, спречен е транспорт на 150 кг. марихуана

Горан Наумовски28/01/2026 - 13:2228/01/2026 - 13:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен