Со Јакимовски осомничени уште 8 службеници за злоупотреба

Од:

Истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал е за злоупотреба на службената положба и овластување е против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и двајца негови соработници, раководители на секторите за експропријација и урбанизам, кои беа уапсени утрово, дознава „А1он“.

Освен Јакимовски, на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се донесени уште шестмина бизнисмени од градежниот сектор.

Според првичните неофицијални информации, вкупно девет се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба, а поранешниот градоначалник Јакимовски и двајцата соработници, времени објекти на државно земјиште што не смееле да бидат легализирани, ги легализирале и ги продавале по најмногу пет евра за квадратен метар.

ОЈО побара притвор за овие тројца осомничени, а за шестмина бизнисмени кои се на распит во Кривичниот суд се побарани мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и да се јавуваат еднаш неделно во судот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски