Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Од:

Снегот и силниот ветер направија штети низ цела Македонија, кои освен со непроодни патишта, резултираа и со немање електрична енергија на повеќе места. А1он дојде до информации дека освен високонапонски столб Вруток-Шпиље, паднале и неколку бандери, кои предизвикале штети.

Во Гостивар, бандера паднала врз автомобил, а на неколку места, бандерите се на тешко пристапни локации, па затоа Електродистрибуција се уште работи на отстранување на дефектите.

Од таму претходно изјавија дека екипи од целата држава работат на терен за сите да добијат електрична енергија.

„ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови“, рекоа од таму за А1он.

Врнежите од снег пак, освен на нисконапонската мрежа, предизвикале дефекти и на среднонапонска мрежа.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он