ФОТО: Падна високонапонски столб Вруток-Шпиље од вчерашниот снег

Од:

Падна високонапонски столб Вруток-Шпиље од 110 киловати, потврдуваат извори на А1он. Според фотографијата која беше испратена до нашата редакција, може да се види дека се работи за оштетување на железниот столб кој искривувањето, а потоа и падот, има предизвикано сериозен дефект.

Од државната МЕПСО велат дека нема прекини во снабдувањето со електрична енергија.

„Има оштетен столб Вруток-Шпиље вчера, поради тешкиот влажен снег и силниот ветер. Сепак, нема прекини, односно снабдувањето со електрична е нормално. Екипите се на терен, се санира столбот“, велат од МЕПСО за А1он.

Официјално, се проценува штетата направена со оштетувањето. Според неофицијалните информации на А1он пак, се работи за голем дефект, чија санација ќе трае подолго.