Снегот ги заштити посевите во Прилепско

Од:

Снежната покривка ги заштити есенските посеви во Прилепско поради што не се очекуваат какви било штети од евентуално измрзнување, велат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Експертите препорачуваат земјоделците рано напролет да почнат со прихранување на посевите.

– Снежната покривка за есенските посеви со пченица, јачмен и рж е доволна, им ја нуди потребната топлина и не се очекуваат проблеми. Житото добро се развива. Во Прилепско се посеани 14.000 хектари од кои 9.000 со пченица, околу 5.000 со јачмен и 150 хектари се под рж, вели раководителот на Подрачната единица Коста Дурланов.

Според земјоделецот Орхан Хасановски од селото Дебреште, општина Долнени, опасноста од поларните студови помина. Иако ниските температури оставија траги, сепак не се очекуваат поголеми проблеми во приносите.

– Имам посеано три хектари со пченица. Поларните температури не исплашија, зашто во Дебреште се симнаа и до минус 25 степени. Можеби пет до десет отсто има измрзнување, но тоа нема да влијае многу на приносите. Сега посевите се доволно заштитени со снежната покривка, вели Хасановски.

И Горан Томевски, раководител на Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, вели дека снежната покривка го штити житото, но земјоделците треба порано да почнат со прихранување.

– Сега нема опасност за посевите. Со оглед на зимата препораката до земјоделците е рано напролет да почнат со прихранувањето на посевите, во неколку етапи за растението да ја добива постепено потребната храна, вели Томевски.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски