СМК: Стоп за насилствата, граѓаните бараат мир

Од:

Светскиот македонски конгрес (СМК) ја осудува злоупотребата на верските објекти и обреди како место за собирање за протести и апелира до политичките партии да не ги злоупотребуваат верските објекти и кампањата да ја водат во мирна и демократска атмосфера, без навреди и без нарушување на меѓучовечите, меѓуверските и меѓуетничките односи во општеството.

– Животите и имотите на граѓаните се неприкосновени и неповредливи и не постојат интереси заради кои можат да бидат загрозени. Толеранцијата и коегзистенцијата се градат во мир и со љубов, а не со омраза и во војна. Најостро го осудуваме секое насилство и агресија и целосно ја поддржуваме полицијата за одржување на јавниот ред и мир во државата и безбедноста на граѓаните, посочуваат од СМК.

Изразуваат загриженост поради протестите и насилствата што се случуваат изминативе денови, како што се тепачки по улици, во автобуси и на спортски натпревари, демолирање на автобуси, возови и возила, уништување на приватен и државен имот и загрозување на здравјето и животите на граѓаните. Бараат полицијата да ги разоткрие сите случаи на насилство, а против сторителите да бидат преземени најстроги мерки во согласност со Закон.

СМК апелира граѓаните, родителите, воспитно-образовните установи, верските заедници, партиите и институциите на власта секогаш и насекаде да се борат против омразата, насилството и дивеењето на хулиганите. Воедно бара засилено присуство на полицијата пред училиштата, во автобусите, на автобуските постојки и улиците и други јавни места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов