Службено патување на Аљими го прекина судењето за „Титаник 3“

Од:

На барање на одбраната на обвинетиот Ејуп Аљими денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ беше прекинато во 13 часот, бидејќи Аљими, кој е пратеник од ДУИ, треба да патува во Брисел.

Судијката Оља Ристова го прифати барањето на одбраната и следното рочиште го закажа по одморите, односно на 20 септември.

На денешното рочиште се слушаше прислушуван разговор на две лица на албански јазик во врска со договор за гласање.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

Обвинетите претходно се изјаснија дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и, како што е наведено, имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска